Честитка од Али Ахмети: „Заедничките празници и цели за подобар, подуховен, побожен живот“
По повод христијанскиот празник Божиќ, претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г-дин Али Ахмети упати честитка до сите верници.
“Имам чест на сите православни верници да им го честитам големиот празник Божиќ со најискрени желби за здравје, благосостојба и успех.
Божиќ е празник на надежта и вербата за нов почеток на животот и во овој дух, славејќи заедно за да ја обновиме вербата и посветеноста на општото добро на животот за сите наши граѓани, правејќи го секој од нас уште подобар и покорисен за нашето општество.
Посакувам овој празник да го поминете среќно со вашето семејството и посакувам да поминете среќни моменти со вашите најблиски.
Заедничките празници и цели за подобар, подуховен, побожен живот, нè зближуваат еден со друг и не прават попосветени на заедничките вредности“, се вели во телеграмата со честитка на претседателот на Демократската унија за интеграција, г-дин Али Ахмети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Католиците денеска го празнуваат Бадник, утре Божиќ:…
Католиците ширум светот денеска го слават Бадник,…
ДУИ до Јаневска откако застанаа против интонирањето…
Демократската унија за интеграција со реакција до…
Левица: ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ,…
Откако ДПМНЕ со фанфари најавуваше интонирање на…
Владата го повлече предлог-законот за средно образование,…
Законот за средно обеазование е повлечен од…
Тошковски на прашање на Инфомакс: Еден од…
На јавноста ѝ е познато кои двајца…