Честитка од Оливер Спасовски по повод Денот на ромскиот јазик
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка по повод 5 Ноември – Светски ден на ромскиот јазик.
-Одбележувајќи го 5 Ноември, кој во 2015 година од страна на УНЕСКО беше прогласен за Ден на ромскиот јазик, го истакнуваме значењето за негувањето на ромскиот јазик како чувар на ромската традиција, фолклор и култура. На тој начин го јакнеме и збогатуваме нашето Едно општество за сите, бидејќи ромскиот јазик со сите свои специфики е нераскинлив дел од тој наш мултикултурен мозаик. Токму овој ден укажува на тоа дека препознавањето на сите јазици како еднакви е висок цивилизациски чин, и истиот е дел од нашите напори да ги елиминираме сите форми на дискриминација.
Нека е за многу години 5 Ноември, напиша Спасовски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…
Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…
По изјавата на Агелер за случајот со…
Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…
Докази за двете страшни убиства се записи…
Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…
Спасовски: Отворивме сериозна битка со криминалните структури
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели…
Спасовски со пораки на Комитетот на министри…
Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во…