Објавено на:

ЧЕСТИТКИ: „Внуко моја Гаиа“ – Драган Спасов Дац стана дедо, неговиот син Јаков со сопругата доби ќерка

t

„Добре дојде на планетава внуко моја Гаиа! И сакам да знаеш дека… Ќе ти ја сакам косата, убавото носе и насмевката. Ќе ти ги сакам очите и веѓите и трепавиците…“, гласи дел од емотивната објава на Драган Спасов Дац за приновата на синот Јаков и неговата сопруга Софија.

Актерот Драган Спасов Дац денес (02.03) ја објави среќната вест дека неговиот син Јаков станал татко. Јаков со саканата Софија ја доби ќерката Гаиа.

Парот направи свадба во мај 2022 година.

Дац ѝ посвети емотивна објава на Фејсбук на неговата внука:
„Секогаш кога ќе се роди некое чедо, земјата станува потешка за околу 3,5 килограми, станува посреќна за илјадници срцебајти, станува помудра, пољубовна поубава, понежна… така земјата прави рамнотежа со ѕвездата што се раѓа во негова чест.

Во тој миг насмевките се зголемуваат на најмалку илијадници усти, а планетата благо трепери од нивната моќ. Всушност така планетата се врти, се движи и патува низ непрегледната вселена.

Во тој миг мајката се претвора во водопад, а таткото во најсилниот вулкан за да го извикаат името на своето чедо кое ја има енергијата на своите предци!

Добре дојде на планетава внуко моја Гаиа!

И сакам да знаеш дека…

Ќе ти ја сакам косата,

убавото носе и насмевката.

Ќе ти ги сакам очите,

и веѓите и трепавиците.

Ќе ти го сакам грлото,

и плачот и гласот.

Ќе ти ги сакам прстињата,

и рачињата и ноџињата

Ќе ти сакам сè

а најмногу добрината!

Твојот дедо Дац

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…

(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…