Објавено на:

Честитки од САД за новиот премиер на Пакистан, Шариф

t

САД синоќа му честитаа на новиот пакистански премиер Шахбаз Шариф и ветија продолжување на соработката.

САД сметаат дека силен, просперитетен и демократски Пакистан е важен за интересите на нашите две земји, истакна американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Шариф (70), претседател на Пакистанската муслиманска лига (ПМЛ-Н) и помлад брат на поранешниот премиер Наваз Шариф, на 11 април беше избран за премиер на парламентарната седница што беше бојкотирана од опозицијата.

Тој доаѓа на местото на Имран Кан (69), на кого му беше изгласана недоверба.

Кан повеќе пати истакна дека е жртва на „промена на режимот“ организирана од САД со помош на опозицијата, поради неговите критики на американската политика во Ирак и во Авганистан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…