Честит празник: Договорите со Бугарија и Грција да се прогласат за тоа што се – незаконски и неуставни и невалидни!
Многумина сметаат дека незаконски донесените одлуки и документи од страна на оваа власт, меѓу кои и Договорите со Бугарија и Грција, треба да бидат поништени, но тие само треба да се прогласат за тоа што се – за незаконски и неуставни и, според тоа, за невалидни – вели професорот Љубомир Цуцуловски во неговата честитка за денешниот празник.
– ЧЕСТИТО. Честитајќи го денешниот празник, сакам да потсетам на некои нешта.
Многумина сметаат дека клучните одлуки и документи, донесени од оваа власт (како што се Договорите со Бугарија и Грција, прифаќањето на Тиранската платформа, промената на името…) треба да се поништат. Меѓутоа, законски гледано, може да се поништи единствено само тоа што има законска или уставна основа и кое, според тоа, има законска и уставна втемеленост.
Меѓутоа, дури и самото конституирање на Собранието во 2017 година, како и изборот на собранискиот претседател, беше наспроти Деловникот и правните акти, како што такво беше и н а с и л н о т о продолжување на прекинатата седница од 27.04.2017 год.
Второто давање на мандат за формирање на влада, од тогашниот претседател на Државата, исто така беше неуставно, бидејќи во Уставот не е предвидено второ давање на мандат. Некои битни одлуки, донесени од Собранието, беа објавени во „Службен Весник“ без неопходниот потпис од Претседателот на Државата. Истото беше и со преименување на Државата. Некои одлуки и закони беа донесени со непотребни процедури, каква што е злоупотребата на европско знаменце. Во ваква ситуација, во која многу нешта немаат уставна или законска основа, нема што да се поништува. Единствено што треба да се направи е да се прогласат за тоа што се – за незаконски и неуставни и, според тоа, за невалидни.
Претходните редови беа дел од мојот пост „Што да се поништи?“ од 23 октомври 2019 година. Со тој пост сакав да потцртам, меѓутоа и да потсетам дека голем број на одлуки, решенија, промената на Уставот и на државното име, воведувањето на двојазичност итн. немаат никаква законска или уставна основа, бидејќи и самото конституирање на власта, започнато со настаните од 27.04.2017 година, беше наспроти на многу закони, меѓутоа и на самиот Устав. Според тоа, опозицијата (која и да е и кога и да е) во секој миг треба да инсистира/потсетува на претходните моменти – нелегитмноста и незаконитоста на голем број донесени одлуки, договори или промени. Таквото постапување е целосно легално и легитимно.
Уште еднаш го честитам празникот, со желба и надеж дека во Македонија никогаш повеќе нема да се практикува вакво владеење, меѓутоа и доаѓање на власт, какво што беше она од 2017 година, па досега, напиша Цуцуловски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Историјата се повторува – еднаш како трагедија,…
НАРЕДНИОТ ЧЕКОР Е...? Зачудувачка е историјата на…