Четворица мажи со палка тепале жена во гостиварско – Настардала уште една жена која пробала да и помогне

t

Соопштението до медиумите од ОЈО го пренесуваме интегрално:

– „Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против четири лица за кривично дело насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 22.06.2021 година, четворицата жители на гостиварската населба Циглана, извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста, телесно повредувајќи две жени.

Откако една од жените дошла во дворот на еден од обвинетите за да го побара својот сопруг, обвинетиот 45-годишник ја нападнал, ја фатил за коса, ја турнал на земја и почнал да ја удира со клоци. Му се приклучиле и останатите тројца обвинети, на возраст од 20, 31 и 22 години, удирајќи ја оштетената по целото тело. Првиот обвинет зел и палка, па продолжил да ја удира. Во тој момент, кон оштетената тргнала уште една жена која сакала да и помогне, но обвинетите ја турнале и таа паднала во бессознание.

Поголем број сведоци на настанот исто така се почувствувале загрозени и повикале полиција. Кога пристигнале, полициските службеници биле принудени да испукаат неколку проектили во воздух за да ги смират и оттргнат обвинетите. Двете жени во инцидентот се здобиле со телесни повреди.​​“ – Пишува во соопштението од ОЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Почина 43-годишник од Гостиварско откако бил каснат…

МВР информира дека синоќа во 21.11 часот…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…