Четвртоодделениците од Македонија се под светскиот просек во читање
Децата од Македонија од четврто одделение имаат потпросечен резултат во читање, покажаа резултатите од Меѓународната студија за читање(PIRLS 2021), и се пласираа на 34-то место во светот на табелата од 43 земји од светот.
Според табелата македонските четвртоодделенци освоиле 442 поени и се под просекот од 500 поени според кое е извршено рангирањето.
Ова обемно меѓународно истражување, чии резултати се објавуваат на секои пет години, на прво место по читање ги рангираше децата од Сингапур со 587 поени, а потоа следат Хонг Конг (573) и Русија (567).
Во топ 10 се и Англија, Финска, Полска, Кинески Тајпеј, Шведска, Австралија и соседна Бугарија која има високи 540 поени.
На табелата, меѓу подобро рангираните од регионот по читање се Словенија на 23 место со 520, Србија е на 26. место со 514 поени, а веднаш зад неа е Албанија со 513 поени. Од регионот иако под просек, подобри резултати од Македонија има Црна Гора -487 бодови, додека полоши има само Косово кое е на 38. место со 421 поен.
Истражувањето опфати 400.000 ученици, 380.000 родители, 20.000 наставници и 13.000 училишта од речиси 60 земји.
Од конечното рангирање се исклучени неколку земји во кои било одложено оценување на група од четврто одделение на почетокот на петто одделение и нивните достигнувања се изземени од конечната ранг листа.
Резултатите покажуваат дека 43 земји имале релативно високи постигања во читањето во четврто одделение како група. Учениците од четврто одделение во речиси три четвртини (30 од 43 земји) имаа повисоки постигања од централната точка на скалата од 500 (точка што е стабилна низ циклусите на оценување). Како и во претходните циклуси, резултатите, исто така, откриваат дека иако разликите од земја до земја во просечните достигнувања често биле мали (значително преклопување на интервалите на доверба), постоел значителен опсег во перформансите од скоро 300 бодови на скала од најдобрите до земјите со пониски перформанси.
Според оваа студија, девојчињата на десетгодишна возраст во четврто одделение од Македонија имале повисок просечен резултат од момчињата, со предност од 25 поени.
Четвртоодделенците во нашата држава имаат подобри постигања во читањето поради литературното искуство (442 поени) во споредба со читањето заради пронаоѓање и употреба на информации (439 поени).
Десетгодишните деца во Македонија биле поуспешни во пронаоѓањето и директното изведување на заклучоци отколку во толкување, интегрирање и вреднување.
Нивниот просечен успех во процесите на пронаоѓање и донесување заклучоци е 443 поени, додека успехот, кога станува збор за толкување, интегрирање и вреднување, е 439 поени.
Истражувањето на децата во Македонија беше спроведено преку Државниот испитен центар кој за тие потреби ги обезбеди и основните податоци за учениците, програмите, наставници јазици и образовната стратегија која се спроведува во државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одделот за внатрешна контрола не утврди вина…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска…
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…
Државата денеска се задолжува со уште 89…
За денеска се закажани две аукции на…