Објавено на:

Четириесетина штети пријавени од невремето во Скопје, паднати дрва и бандери, оштетени кровови!

t

Невремето во Скопје предизвика оштетувања на кровни конструкции, на повеќе места се паднати дрва и бандери со кабли, што заедно со поплавените подвозници и делови од сообраќајниците го отежнува сообраќајот и движењето на граѓаните.

-По невремето што зафати дел од градските и приградските населби на град Скопје од страна на Е – 112 до РЦУК Скопје стигнаа 40 – тина меилови. Триесетина од нив се однесуваа на паднати дрва на различни локации во градот кои го попречуваат движењето на граѓаните и одвивањето на сообраќајот, паднати бандери со струјни и телефонски кабли. Сите меилови беа препратени до дежурниот во ЈП Паркови и Зеленило, диспечерскиот центар на ЕВН Македонија, А1, Телекабел и Телеком, информираат од Центарот за управување со кризи.

Се споделуваат информации за штети во скопските населби Лисиче, Ченто, Драчево, каде паѓаше град, како и за поплавувања на сообраќајници во општините Бутел, Чаир.

Центарот за управување со кризи ги сумира јавувањата од граѓаните и дополнително ќе информира за сите пријавени штети.

Покрај Скопската котлина, невреме со поинтензивни процеси попладнето ги зафати Пробиштип, Виница, Кочани и Кратово,.

Бурата што траеше петнаесетина минути во Кочани и Виница предизвика помала материјална штета на кровните конструкции на неколку објекти, а од врнежите од град со големина на лешник оштетени се овошки и градинарските култури.

По известување од линијата за итни повици 112 интервенираше и Територијалната противпожарна единица од Кочани, откако силниот ветер предизвикал краток спој на електричниот довод меѓу две куќи, по што настанал пожар во дворната површина каде што имало сува трева. Со навремената интервенција огнот е изгаснат и спречено е настанување на поголема материјална штета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…