Четкар: Оваа калаштурница, невкус и хаос кој моментално се случвит во Охрид е срамота за сите нас

t

Оваа калаштурница, невкус и хаос кој моментално се случвит во Охрид е срамота за сите нас, вели џез музичарот Владимир Четкар за неговиот роден град и репертоарот на турбо-фолк концерти кои се случуваат деновиве.

Да не должам многу и поедноставно да се изразам!
Оваа калаштурница, невкус и хаос во Охрид, кој моментално се случвит а се случвел и години наназад е срамота за сите нас почнувајќи од локалната самоуправа па се до сите државни институции кој на било кој начин се поврзани со ова безредие кое поттикнува една огромна лавина на некултура!

Трештење на кичерајска музика до 2 насабајле од сите страни во централното градско јадро
и вознемирувањето на сите охриѓани, домашни и странски туристи од кој повеќето дошле во потрага по мир, одмор и пријатно искуство е злочин спрема Охрид и спрема се шо овој духовен и културно-историски центар претставуват!, вели Четкар.

Неговиот статус доби голема поддршка од јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел нема да прекине додека не го…

Израелската операција против Иран „нема да заврши…

Израел со 60 авиони го нападна Иран

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…

Израелски тенк пукал во толпа и убил…

Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…

Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…