Објавено на:

Чешката тенисерка депортирана од Австралија

t

Чешката тенисерка Рената Ворачова ја напушти Австралија откако ѝ беше укината визата поради здравствени причини, јави денеска агенцијата Франс прес. Ворачова денеска со авион одлетала од Мелбурн, пренесе АФП.

Ворачова беше во иста ситуација како Ѓоковиќ – невакцинирана против ковид, од Австралиската федерација доби ослободување од важечките антиковидиски прописи во земјава за да може да игра на Австралија опен, кој започнува на 17 јануари. Чешката тенисерка го прележала вирусот кон крајот на минатата година.

Ворачова пристигнала во Австралија во декември. Таа одиграла и еден подготвителен натпревар, по што во четвртокот ненадејно беше приведена и сместена во хотелот во кој престојува Ѓоковиќ, бидејќи австралиските власти ѝ ја укинаа визата.

За разлика од Ѓоковиќ, таа одлучила да се откаже од учеството на турнирот и да ја напушти Австралија.

Во интервју за чешките весници таа ги опиша условите на „притворот“.

„Сама во собата и не можам да одам никаде. Само малку, неколку сантиметри, можам да го отворам прозорецот. Обезбедувањето е насекаде, вклучително и под мојот прозорец“, изјави Ворачова, додавајќи дека „се чувствувала како во затвор“.

Австралиската гранична полиција денеска соопшти дека уште едно лице поврзано со „Австралија опен“, на кое исто така му била укината визата, „доброволно“ ја напуштило земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…

Бајден позитивен на Ковид

Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…

Австралија ќе обезбеди рекорден пакет воена помош…

Австралиската влада ќе и го обезбеди на…

Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…

Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…

БЕЛГИСКИ СУД: На 17 мај рочиште за…

Основниот суд во белгискиот град Лиеж за…