Чешка аналитичарка: Повеќето членки на ЕУ не биле консултирани за францускиот предлог, многу од нив ја разбираат позицијата на Македонија!
Чешка и други земји-членки на ЕУ се вознемирени поради францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со Македонија, изјави денеска во Скопје чешката аналитичарка Јана Јузова, а пренесува Дојче Веле.
Во Чешка, како актуелен претседавач со ЕУ, но и во бројни други земји-членки на Унијата постои голема вознемиреност поради францускиот компромисен предлог за надминување на бугарското вето, рече Јана Јузова од чешкиот Институт Еуропеум за време на денешната дебата на тема „Западен Балкан и ЕУ во 2022 година: што претстои? Која ја организираше Институтот за европска политика (ЕПИ) во Скопје.
„Според она што го слушнавме од чешкото МНР тие се многу вознемирени со Франција и Бугарија, а причината е што за предлогот не биле консултирани други земји-членки. Била консултирана само Бугарија, а останатите земји биле оставени во темнина“, рече Јузова за време на дебатата. Според неа, Чешка и мнозинството земји-членки „ги гледаат сериозните проблеми” во францускиот предлог и разбираат „зошто е толку тешко за Македонија да го прифати.”
„Многу сум загрижена за тоа каква ситуација ние како ЕУ создаваме со овој пристап. Чешкиот пристап ќе биде да се направи колку е можно помала штета, да се ублажат негативните ефекти и да се осигура дека ова нема да биде траен преседан. Дури и да се постигне компромис, тоа нема да биде нешто со што Северна Македонија ќе биде среќна. Ние мора да осигураме дека ова нема да стане преседан кој ќе го користат и други земји-членки кон кандидати,“ рече Јузова.
Повикувајќи се на информации од чешкото претседателство со ЕУ, Јузова рече дека и доколку Скопје го одбие францускиот предлог, Прага воопшто не размислува да ги раздвои Македонија и Албанија на патот кон ЕУ.
„Чешкото претседателство смета дека раздвојувањето само ќе му даде легитимитет на бугарското вето. Не се согласуваме со аргументите на некои други земји кои сметаат дека натамошната блокада на Албанија ќе го дестабилизира регионот, напротив сметаме дека ќе го зголеми притисокот врз Бугарија и ќе ја зголеми солидарноста меѓу земјите во регионот. Тоа ќе придонесе да се зголеми притисокот врз Бугарија не само од страна на ЕУ, туку и од Западниот Балкан“, рече на дебата во Скопје, Јана Јузова од чешкиот Институт Еуропеум.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Храбрите пилоти на МВР спасија туристка…
Благодарение на храбрите доброволни спасители од Охрид…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Чешка до крајот на годината ќе ѝ…
Чешкиот претседател Петр Павел ја најави претстојна…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…