„Чешка не е Холандија, одиме да се надигруваме и да – победиме!“

t

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва, против Чешка (20 часот), ќе го одигра последниот меч од групната фаза на ЕП 2023 која се игра во Скопје, што воедно ќе биде директна пресметка за третото место, кое носи далеку полесен ривал во осминафиналето.

Еден од најискусните во нашата селекција, Александар Љафтов, смета дека Чесите се ривал со кој може да се надигруваме, па дури и да играме без капитенот Никола Ѓорѓиев, кој поради повреда не настапи на синоќешната пресметка со Холандија (0-3).

„Дури и без Ѓорѓиев одигравме добро против Холандија, без разлика што загубивме. Публиката повторно беше наша голема поддршка и ѝ благодарам на тоа. Важно е да се одмориме добро и да бидеме добро подготвени за вечерашниот меч против Чешка. Иако Никола можеби нема да игра и денеска, Чешка не е Холандија така да и со комбиниран тим можеме да стигнеме до победа. Наше е да дадеме максимум, па на крајот што биде нека биде“, изјави Љафтов.

Како и сите претходни дуели и оваа пресметка ќе се одигра во салата „Борис Трајковски“. Македонија со евентуална победа против чешката селекција би се сретнала со Србија на стартот од нокаут-фазата на ЕП, додека во случај на пораз ривал би ни била силната Италија и тоа на домашен терен во Бари.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Евакуирани дел од американските дипломати во Израел

Двајца американски претставници велат дека владин авион…

Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…

Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…

Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…