Чешка ја прогласи Русија за директна закана за безбедноста и потенцијален веон противник!
Чешка ја смета Русија за „директна закана за безбедноста“ и „потенцијален воен противник“, но Прага има намера да ја минимизира можноста за конфликт од големи размери во Европа, изјави началникот на Генералштабот на чешките вооружени сили Карл Зека во говор по повод новиот концепт за воен развој.
„Директна закана за нашата безбедност и за нашиот потенцијален воен противник е Русија. Нашата цел е да избегнеме војни и да ја минимизираме можноста за враќање на масовното насилство во Европа“, рече Жека во обраќањето по повод новиот концепт, објавено на веб-страницата на Министерството за одбрана.
Во документот се посочува дека на чешката армија ѝ недостига жива сила, муниција и нема доволно можности да поправа оклопни возила и да распореди сојузнички контингенти на своја територија. Покрај тоа, ограничени се можностите на системот за противвоздушна одбрана на земјата и воведувањето напредни технологии во армијата.
За потсетување, чешкиот весник „Сезнам зправи“ во септември објави дека Чешка има нова одбранбена стратегија во која Русија е означена како „најсериозна закана“ за земјата. Весникот тогаш наведува дека документот веќе бил одобрен од Советот за безбедност на Републиката. Беше истакнато дека главната задача на чешката одбранбена политика е „подготовка за долготрајна одбранбена војна со висок интензитет со технолошки напреден противник опремен со нуклеарно оружје“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија тестира вакцини против рак
Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…
Путин: Русија се залага за рамномерен развој…
Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека Русија…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…