Чибишев: Гасот формалдехид исклучително опасен, штетен и при подолго вдишување на мали количини

t

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска истакна дека има одредени информации дека е пронајдена мала концентрација на формалдехид во операционите сали во Клиничкиот центар во Скопје, меѓутоа додава тој, официјално сѐ уште нема ништо добиено.

Курир го контактираше клиничкиот токсиколог, доктор Андон Чибишев кој истакнува дека гасот формалдехид е исклучително опасен.

-Во мали концентрации, формалдехидот се користи во медицината и индустријата, но во големи концентрации е исклучително опасен и може да го загрози животот. Дури и мали количини ако се вдушува подолг период може да бидат штетни. Влијае на горните респираторни патишта, ги иритира, ја оштетува слузокожата, објаснува директорот на Токсикологија.

Чибишев појаснува и дека гасот може да предизвика и иритација на очите, а според одредени клинички студии, може да биде канцероген ако се вдишува подолго време предизвикувајќи малигни заболувања на горните респираторни патишта.

Операционите сали на Клинички центар беа затворени поради непријатна миризба, по што беше распишан тендер за набавка на нова компресорска станица кој пропадна бидејќи не пристигна ниту една понуда.

Таравари денеска истакна дека работат на нова набавка за комплетно нова компресорска станица и комплетно нова инсталација и се надева дека што поскоро ќе се реши овој проблем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Многу јако: Цигари, патики, штрафилици –…

За време на продолжениот викенд и во…

Гренел: Албин Курти е проблем и сите…

Американската амбасада во Приштина синоќа соопшти дека…

Филипче го повика Мицкоски веднаш да ги…

Доколку Мицкоски поседува било какви информации за…

Братот на заменикот на Тошковски имал врски…

Не стивнуваат контроверзите околу „чесните кадри“ и…

Вјоса Османи носела торба полна пари и…

Извори на Инфомакс од аеродромот во Скопје…