Чистка во Влада, ќе мириса на шампон – ќе се менуваат 7 министри, меѓу имињата и Тошковски, Трипуновски, Јаневска
Иако сè уште нема официјална потврда кога ќе се спроведе, реконструкцијата на Владата е неопходна, велат коалициските партнери во извршната власт. Се очекува да бидат сменети околу една третина од министрите.
Телевизија 21 неофицијално дознава од извори во Владата дека ќе има замени на министри и од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, и од коалицијата ВЛЕН, и од ЗНАМ, а причината се најслабите резултати во ресорите.
Според информациите на ТВ21, на неколку министри им се „ниша фотелјата“.
Неофицијалната листа на министри пред смена:
Панче Тошковски (ВМРО-ДПМНЕ), Министер за внатрешни работи
Цветан Трипуновски (ВМРО-ДПМНЕ), Министер за земјоделство
Зоран Љутков (ВМРО-ДПМНЕ), Министер за култура и туризам
Весна Јаневска (ВМРО-ДПМНЕ), Министерка за образование
Игор Филков (ЗНАМ), Министер за правда
Бесар Дурмиши (ВЛЕН), Министер за економија
Орхан Муртезани (ВЛЕН), Министер за европски прашања
Промени во ВЛЕН
Засега, единствената позната промена е најавена од заменик-претседателот за добро управување, Арбен Фетаи. Тој изјави дека Беким Сали ќе го замени Изет Меџити на функцијата прв заменик-премиер, бидејќи Меџити беше избран за градоначалник на Чаир.
Фетаи појасни дека Меџити имаше две улоги – прв вицепремиер и министер за животна средина.
„Сега, партијата на Меџити ќе предложи ново име за министер за животна средина и верувам дека во текот на оваа недела, најдоцна утре, ќе се сретнеме со премиерот како мандатар и ќе ги поставиме овие прашања за да најдеме решение согласно договореното меѓу коалициските партнери“, изјави Фетаи.
Во актуелниот владин кабинет има 15 министри од ВМРО-ДПМНЕ, 6 од ВЛЕН и 2 од ЗНАМ. Сè уште не е познато кои од замениците-министри ќе бидат променети, но од сите страни е соопштено дека ќе се задржат рамките на коалициските договори постигнати при формирањето на Владата.
Извор: ТВ 21
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чистка во Влада, ќе мириса на шампон…
Иако сè уште нема официјална потврда кога…
Студентите со жив ѕид ќе го бранат…
Во Белград денеска се одржа протест под…
Се урна авион на НАТО на границата…
Најновите извештаи од регионот велат дека во…
Сиљановска Давкова за ИПАРД: Строго треба да…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска истакна дека…
Сиљановска не се согласува со Извештајот на…
Во извештаите што Европската комисија ги има…