Објавено на:

„Чкембари“ најавија инвазија на Скопје за дербито со Вардар – сопственикот апелира да не се повторат немилите сцени од минатата година

t

Натпреварот од 5. коло меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер е закажан за во недела (26 март) со почеток во 18 часот во СЦ „Јане Сандански“

Среќата посака дербито втора година во низа да се игра на 26 март, а слично како и лани, така и сега ќе има две навивачки групи. Битолските „Чкембари“ најавија инвазија на главниот град, со цел да се поддржи тимот кој сега го водат Александар Јовиќ и Звонко Шундовски. Највернита фанови на пелистерци го најавија собирот и гостувањето во Скопје.

Минатогодишното дерби ги имаше сите елементи, од борба на теренот за секоја топка, до две навивачки песни кои ги водеа играчите низ мечот. Одново ситуацијата е слична, „Комити“ и „Чкембари“ ќе бидат ветер во грб на играчите во првото „вечно дерби“ во плеј-офот.

Продажбата на билетите се врши онлајн на www.mktickets.mk и преку продажната мрежа на Мктикетс во целата држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…