Члениките на НАТО во 2024 доставиле оружје во вредност од 50 милјарди долари во Украина
Членките на НАТО испорачаа оружје во вредност од 50 милијарди долари на Украина во 2024 година и имаат намера да продолжат, па дури и да го зголемат обемот на воена поддршка, изјави Џузепе Каво Драгоне, претседател на Воениот комитет на Алијансата, во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.
„Земјите од НАТО обезбедија 99% од вкупната воена помош. Во 2024 година, нејзиниот обем беше 50 милијарди долари. Од 1 јануари 2025 година, веќе достигнавме 33 милијарди долари, а до крајот на годината очекуваме да го повториме нивото од минатата година. Нашата намера е да продолжиме, па дури и да ја зголемиме поддршката“, рече Драгоне. Во исто време, тој нагласи дека во рамките на Алијансата нема дискусија за испраќање воени контингенти во Украина.
„Благо речено, прерано е. Некои држави ја покренаа темата билатерално, но сè уште е во почетна фаза. Во овој момент нема дефинирани одлуки. Можно е некои земји надвор од НАТО да разгледаат такво сценарио, но сè останува отворено“, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Члениките на НАТО во 2024 доставиле оружје…
Членките на НАТО испорачаа оружје во вредност…
СДСМ: Мицкоски е во паника, без резултати…
Соопштение на СДСМ: Да имаше Мицкоски реални…
Припадниците на ЕБР им оддадоа почит на…
Припадниците на Единицата за брзо распоредување денес…
Работник починал додека работел на автопатот во…
Работник вчера починал додека работел на изградба…
Филков: Ново барање за екстрадиција на Груевски…
Министерот за правда Игор Филков, во интервју…