Објавено на:

Членка на мисијата на ОБСЕ во Украина загинала во бомбардирањето на Харков

t

Украинската членка на мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Марина Фенина, загинала за време на руското бомбардирање на Харков, соопшти синоќа организацијата.

„Фенина, локален член на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина, беше убиена во бомбардирањето на Харков во вторникот (1 март) додека набавуваше храна за своето семејство во градот што стана воена зона“, се наведува во соопштението на ОБСЕ.

Организацијата, која неодамна нареди заминување на својата набљудувачка мисија поради конфликтот, го осуди интензивното бомбардирање на цивилните градови и ја повика Русија да го прекине конфликтот и „да се вклучи во значаен дијалог“.

Русија рано утрото на 24 февруари изврши напад врз Украина. Руската воена операција беше осудена од меѓународната заедница, а западните земји како свој одговор на агресијата воведоа економски санкции кон Москва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија осуди фотограф на 16 години затвор…

Руски суд во четврток соопшти дека го…

Зеленски: Потребен е силен 18-ти пакет санкции…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави…

Унгарија блокираше отворање на преговорите за пристапување…

Унгарија ја блокираше одлуката на самитот на…

Рускиот министер за финансии: Во Русија нема…

Во Русија нема рецесија, во тек е…

Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…