Член на ДКСК: Во тендерот за избор на печатар за учебниците, од Mесечина се гледа дека е наместен
Во Антикорупциската комисија како сомнеж за нов корупциски скандал пристигнала пријава и за учебниците, за можни дискриминатoрски критериуми при изборот на фирма што ќе ги печати и дистрибуира.
-Ние како ДКСК доставивме барање до Комисијата за заштита на конкуренција. Тие побараа време да ги разгледаат нашите прашања и дилеми. Ние се надеваме на брз одговор но сè зависи каков ќе биде нивниот одговор. Мојот личен став е дека има дискриминирачки критериуми. За тоа поаѓам од еден од условите кој вели дека фирмата треба да има еден милион отпечатени монографии за две или три години. Но што ако некоја друга има 499.000 или 380.000, дали тие отпаѓаат веднаш. Според мене од Месечина се гледа за кого е наместен тендерот, вели Горан Трпеноски од ДКСК во гостувањето во емисијата „Утрински печат“.
Според него се зависи како Комисијата за заштита на конкуренцијата ќе постапи.
-Ние како ДКСК ќе ја почитуваме неа затоа што немаме друга надлежност и зависиме од другите институции кои се занимваат со таа проблематика. Како на пример Обвинителството, рече Трпеноски.
Тој посочи дека Обвинителствотo, ако по допрен глас смета дека има предмет, може да постапува.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
ДКСК загрижена поради предложените измени на Законот…
Државната комисија за спречување на корупцијата изразува…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
ДКСК примила претставка за директорката на АР…
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК)…
ДКСК се уште постапува по пријавите за…
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК)…