Член на заедничката историска комисија: Ние не сме матичари да одредуваме етникум на луѓе кои живееле пред 10 века – наша работа е разгледување на учебниците
Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија може да даде свое експертско мислење за одредени теми поврзани со историското образование во двете држави, и одредени препораки, но не и да решава политички проблеми, вели членот на македонскиот дел на Комисијата Петар Тодоров.
Нагласи дека на средбите не се разговара за идентитетски прашања, ниту пак дека како Комисија зборувале пренесување на моштите на Гоце Делчев од Скопје во Софија.
–Тоа се недобронамерни шпекулации кои имаат цел да му наштетат на процесот. За Гоце Делчев не станало збор, поради тоа што последно време фокусот ни е ставен на учебниците и сакаме да го искористиме овој добар момент, да успееме да го завршиме овој пакет учебници за шести клас во Бугарија и седмо одделение кај нас во Македонија. Така што тука сме фокусирани, а теми како мошти на Гоце Делчев и слично тоа се бесрамна лага, изјави Тодоров во гостување на „Сител“.
Тој вели дека на состаноците на Комисијата не станало збор ниту за тоа чиј е Цар Самоил.
-Ние како Комисија, немаме никогаш таков пристап, ниту сакаме да имаме таков пристап, тоа е кажано многу пати. Наша работа не е да бидеме матичари, па да одредуваме етничка припадностна луѓе, особено на луѓе коишто живееле пред 10, 11 века. Наша работа е да видиме какви структурални проблеми постојат во учебниците кои би можеле да се подообрат како би придонеле за едно историско образование кое нема да поттикнува поделби, кое нема да поттикнува омраза кон други народи, рече Тодоров.
Тој истакна оти за Цар Самоил е договорено само заедничко чествување. Ние, нагласи Тодоров, имавме дискусија со колегите од Бугарија за Цар Самоил во однос на заедничко чествување и таа дискусија е завршена 2019 година.
И тврдењата дека Комисијата прифатила став дека Цар Самоул бил Бугарин, според него, се само во насока на штета на процесот на градење на добри односи меѓу двете држави.
-Тоа не е дури ниту шпекулација, туку е лага, рече членот на македонскиот дел на Комисијата Петар Тодоров.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре е Петровден, задутре Павловден, се верува…
Утре, 12-ти јули е Петровден, а на…
Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот…
Собраниската Комисија за прашања на изборите и…
Почна амандманската расправа за Предлог Деловникот на…
Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања…
Марија Јаничевска е предложена за директорка на…
Марија Јаничевска е предлог за директорка на…
Софистицираните системи „Пегасус“ и „Предатор“ под лупа…
Денеска истекува крајниот рок до кога надлежните…