Чолаку: „Најкраткиот“ пат за Молдавија да влезе во Европската унија е обединување со Романија

t

Претседателот на Домот на пратениците на романскиот Парламент, Марсел Чолаку, синоќа за ТВ Романија изјави дека би сакал Романија да се обедини со Република Молдавија.

Чолаку рече дека ова е „најкраткиот“ пат за Молдавија да влезе во Европската унија.

-Најранливата земја од целосно неоправданиот конфликт во Украина е Република Молдавија. Мораме да одлучиме … Дали ќе дозволиме Република Молдавија порано или подоцна да се врати под советско влијание? (…) Пристапувањето на Молдавија во Европската унија ќе одземе најмалку 10 години … Или ја имате пократката опција при што Романија ќе се обедини со Република Молдавија и Република Молдавија се обединува со Романија, изјави за РТВ претседателот на Долниот дом на романскиот Парламент.

Во овој контекст, Марсел Чолаку, кој се очекува да стане следниот романски премиер според коалицискиот договор за ротација на премиерите, рече дека ја претпочита пократката опција.

-Дефинитивно би ја сакал пократката опција, имено Романија да се обедини со Република Молдавија (…) Не можете да оставите една земја повторно да биде жртва на Русија (…). Судбината на Романците во Република Молдавија треба да биди иста, како онаа на Романците во Романија – ЕУ и НАТО. Разбирам дека во моментов многу Романци сакаат да се обединат со Република Молдавија (…) Дефинитивно треба да се одржи референдум во двете земји. Односно да се оди по нормален пат, сојузите не се прават со оружје в рака, рече Марсел Чолаку.

Според резултати од истражување на јавното мислење објавени вчера, повеќето граѓани на Молдавија се против обединување со Романија. Само околу една третина од населението на Молдавија ја поддржува идејата за обединување со Романија, покажуваат резултатите од анкетата на CBS-Research нарачана од Институтот за јавна политика на Молдавија.  (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД, Италија, Романија и Бугарија одржуваат голема…

Единици на САД, Италија, Бугарија и Романија…

Политико: Бугарија и Романија се клучните земји…

Европската комисија презентираше нова стратегија за Црното…

Инцидент во Романија: Полицијата го отстрани претседателскиот…

Романскиот претседателски кандидат и лидер на националистичката…

Силен земјотрес во Романија!

Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според…

Романскиот премиер поднесе оставка

Романскиот премиер Марсел Чолаку денес изјави дека…