Чомовски, Тричковски и Иванов: Оркестрирано сите yдpија по Димитpoв
Никола Димитров си стави мета на грбот со вчерашната прес-конференција на која посочи дека Владата на Ковачевски е подготвена на ново велепредавство на македонскиот народ со прифаќање на бугарските барања во преговорите со Источниот сосед и посочи дека Османи е подготвен на прегазување на црвените линии.
Метата на грбот на Димитров изгледаше примамливо за највисоките партиски функционери на СДСМ и ДУИ, но и на провладините новинари кои се одлучија да пукаат во ист ден па така и Александар Чомовски, Зоран Иванов и Бранко Тричковски во ист ден удрија по Димитров.
Новинарот Зоран Иванов смета дека денешниот настап на вицепремиерот Никола Димитров е карактерна бомба.
Не може да се глуми џентлмен цел живот. Може година, две, 20, но кога ќе ве погоди нешто како суета, тогаш паѓа и тој атрибут на џентлменство. Џентлмен се раѓа, не се создава. Денеска мислам дека Димитров го спушти нивото каде што никој не очекуваше. Требаше да излезе на прес и да каже „граѓани јас земјава ја внесов во НАТО“, но наместо тоа отиде во друга реторика. Ова ќе му пречи во иднина. Тој не доби поддршка од никого и не верувам дека ќе може да формира своја партија, вели Иванов во гостувањето на емисијата „24 анализа“.
Новинарот Александар Чомовски во емисијата 24 анализа на ТВ 24 изјави дека со реториката од денешниот прес, Никола Димитров наместо да се самопромовира за идна позиција, се закопал засекогаш.
Настапот на Димитров е егоцентричен што е составен дел на неговиот карактер на самобендисан политичар. Неговиот настап денеска во обид да го засече кандидатот и владата има далекусежни реперкусри. Димитров се доближува со ставовите до старото јадро на ВМРО-ДПМНЕ, вели Чомовски.
Бранко Тричковски е многу разочаран од сега веќе поранешниот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров кој денеска одржа прес-конференција по повод заминувањето од оваа функција.
За Тричковски, кој признава дека напишал многу пофални зборови за Димитров, можеби климатските промени или оддалечувањето на Џејмс Веб од нашата планета имаат влијание во изјавите на поранешниот вицепремиер. Димитров денеска рече дека власта го тргнала бидејќи Бујар Османи е подготвен на решение со Бугарија по секоја цена, а тој немал доверба во него.
Останува уште Заев да каже дека не се согласувал со политиките на сопствената влада.
Никола, ти беше европското лице на македонската надворешна политика, така јас те доживував, сум напишал толку хвалоспеви, се сеќаваш, нели, и бев за тоа да останеш во владата, но сега откако се согласи со некои аспекти на херфлилоковската тралалајка за себе, морам да ти речам дека ми се претвори во едно големо разочарување. Шизофрено со оглед на тоа дека со последните изјави ти не го спасуваш своето и достоинството на Македонија, туку ги разградуваш ѕидовите на тие достоинства што самиот ги ѕидаше.
Не верувам дека ваквите свртувања се предизвикани само од светлината или темнината на кариерните перспективи. Можеби и климатските промени имаат некое влијание. Или оддалечувањето на Џејмс Веб од нашата планета, пишува Тричковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер…
Хенри Кисинџер важи за комплексна и контроверзна…
На денешен ден Заев и Димитров беа…
На денешен ден пред 6 години тогашниот…
Димитров побарал aпaнaжа: Живеам од плата, не…
Од министрите и замениците министри кои не…
Димитров удpи по Ковачевски на Фејсбук: Салама…
Никола Димитров, поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, денеска…
И Димитров yдpи по Маричиќ: He е…
Поранешниот министер за надворешни работи и доскорешен…