Објавено на:

Чудата не престануваат: Маж спасен по 167 часа под урнатините во Антакија

t

Во областите на Турција погодени од силни земјотреси минатата недела, спасувачките тимови се во трка со времето за да ги извлечат можните преживеани од под урнатините, и покрај предупредувањата од релевантните агенции и власти дека шансите да се случи такво нешто се многу мали. И покрај тоа, од тој дел на земјата продолжуваат да пристигнуваат неверојатни сцени. По 167 часа, маж е спасен од под урнатините во градот Антакија, во провинцијата Хатај, јавува Си-Ен-Ен Турк.

На социјалните мрежи утрово кружи видео, а кое го пренесоа локалните медиуми, покажува како спасувачите извлекуваат маж, по што тој се прегрнува со нив.

Претходно во неделата, 55-годишна жена беше извлечена од урнатините по 159 часа, додека 85-годишна жена беше спасена по 152 часа заробена во, како што опиша нејзиниот внук, празнина од околу 30-40 сантиметри, пренесува Си-Ен-Ен Турк.

Две лица, еден 25 годишен Сириец и едно дете беа спасени во Хатај околу 151 и 152 часа по земјотресот, соопштија локалните власти во неделата.

Еден човек бил спасен откако тимовите за итни случаи откриле звуци под урнатините додека вршеле звучно истражување во урнатините на станбена зграда во Антакија, соопштија локалните власти.

Технологијата ја користеа и тимовите за да го пронајдат детето, чија возраст не беше објавена.

Најмалку 41 лице беа спасени од урнатините во Турција помеѓу 141 и 163 часа по земјотресот, објави утрово државната новинска агенција Анадолија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ѝ се заканија на Турција со…

Помошникот на шефот на американското Министерство за…

Турција го блокира Инстаграм

Овој потег уследи по коментарите на турскиот…

Турција ќе ги заловува, но нема да…

Турскиот парламент усвои закон што налага сите…

Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…

Турција би можела да влезе во Израел…

Силен земјотрес ја погоди Турција, се почуствува…

Земјотрес со размери од 4,8 степени според…