Објавено на:

Чудна изјава на Гвардиола: Во кој било друг спорт, ќе го победевме Реал

t

Којзнае кој пат последната деценија, Пеп Гвардиола со своите екипи не може да ја помине пречката наречена Реал Мадрид.

Во 2011 година кога ја водеше Барселона го елиминира шпанскиот гигант во полуфиналето од Лигата на шампионите, слично беше пред три години и лани. но синоќешната пресметка, сепак, му припадна на Реал. Бадијала беше доминацијата на Манчестер Сити кој немаше доволно расположени фудбалери за да постигнат гол, па оној на Кевин де Брујне беше единствен за 120 минути игра. И покрај испаѓањето, Гвардиола е полн со комплименти за својот тим, а објасни и зошто Де Брујне и Халанд не останаа на теренот до крајот.

„Пред се, да му честитам на Реал, Јохан Кројф секогаш велеше дека среќата не постои и во право е. Ова е фудбал, во кој било друг спорт ние ќе победевме вечерва. Не жалиме за ништо, игравме одлично на сите делови од теренот, но за жал не стигнавме до победата. Креиравме шанси, ама во фудбалот се бројат само постигнатите голови.

Што се однесува до Халанд и Де Брујне, тие побараа да излезат бидејќи не можеа да продолжат. За да го победите Реал, треба да играте на највисоко ниво, денеска нам тоа не ни беше доволно“, изјави Гвардиола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелски тенк пукал во толпа и убил…

Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…

Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…

Скопјнец возел со 1.34 промили алкохол во…

Поради основано сомневање дека сторил кривично дело…

Трамп: Нема да го убиеме иранскиот лидер,…

Американскиот претседател Доналд Трамп објави серија пораки…