Чурлинов: Минав низ тежок период, среќен сум што повторно можам да играм фудбал!

t

Во изминатите месеци Дарко Чурлинов беше надвор од терените поради сепса, македонскиот фудбалер од неодамна почна повторно да игра и се очекува да добие минути во престојните два натпревари на Македонија.

Дарко Чурлинов доби зелено светло од докторите на Барнли да се врати на теренот, почна да игра натпревари за вториот тим на Барнли, а наскоро очекува да се врати и во првиот тим. Тој вели дека е пресреќен што повторно ќе има можност да настапува за македонската репрезентација.

„Одлично е чувството да стојам пак на терен, затоа што поминав низ тежок период, сите знаете во каква ситуација бев, пресреќен сум што повторно можам да играм фудбал, а уште посреќен дека пак можам да настапувам за македонската репрезентација“, вели Чурлинов.

„Подготвен сум да играм натпревар, кондициски сум доволно подготвен за да одиграм еден натпревар. Во последните две недели смеам да играм, да настапувам и сум на добар пат да добијам колку што е можно повеќе минути во клубот, играв два натпревари за вториот тим и се чувствував одлично, па наскоро очекувам да играм и за првиот тим во клубот“.

„Среќен сум што сум воопшто тука во репрезентацијата, ако добијам минутажа супер, ако не заиграм, повторно супер, во моментов ми е важно што сум тука. Тука сме сите еден за друг“.

„Без разлика против кого играме, ние треба да се фокусираме на нас, знаеме што и колку квалитет носи нашата репрезентација и треба да го покажеме тоа на терен. Ќе го анализираме уште еднаш поразот од Украина, но мислам дека треба да се фокусираме на нас, ако ние одиграме добро, можеме да се носиме со секого“.

Македонија на 14 октомври игра квалификациски меч со Украина во Прага, а три дена подоцна ја пречекуваме Ерменија во пријателски натпревар кој се игра во Струмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…

(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…

Лиценца за испитен центар се издава за…