Шаленберг: Северна Македонија го смени името, вие сте пример како треба да се пристапи кон ЕУ
Европската Унија се наоѓа пред огромна геостратешка одлука. Најважниот инструмент против оваа војна на европско тло се европската перспектива и проширувањето на ЕУ.
Тоа е геополитичка задача на ЕУ и никогаш досега не било толку важно да се реализира проширувањето. Затоа сметам дека што побрзо треба да се отворат преговорите со Македонија и Албанија, порача денеска од Скопје шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Во однос на прашањето со Бугарија, Шаленберг оцени дека решението е близу.
Шаленберг истакна дека ниту една држава досега не придонела толку за стабилноста во регион како што е Македонија.
– Северна Македонија е пример за тоа како земја треба да и пристапи на Европската Унија. Го сменивте името, дадовте голем придонес за стабилноста. Ова треба да биде тест и за ЕУ. Унијата треба да покаже дека постои геополитичка сила да направи соодветен чекор и дека треба да направи чекор кон нов процес. Не постои всушност политички вакуум, ние треба да придонесеме кон нов стабилен модел, или ние ќе испорачаме тука или ќе се соочиме со некои други држави коишто може ќе нанесат и нестабилност, рече Шаленберг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како членките на ЕУ им помагаат на…
Податоците на Евростат велат дека во 2021…
Фон дер Лајен: Постигнати се пресвртници во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Главчев за Македонија: Не е нормално земја…
„Денеска ќе бидам на самит во Брисел…
Турција ќе добие уште една милијарда евра…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Албанија отвори уште еден кластер во преговорите…
Денеска во Брисел се одржа третата меѓувладина…