Шамар за скопјани: ВМРО-ДПМНЕ го наградува виновникот за Дрисла со носител на листа во Скопје
ВМРО-ДПМНЕ им удри шамар на скопјани кои со денови се гушат во канцерогени честички од пожарите на Дрисла. После сите токсични чадови и еколошка катастрофа што ја трпат скопјани, ВМРО-ДПМНЕ го наградува човекот кој има одговорност за Дрисла, вели Кети Штерјова, кандидатка за советничка на СДСМ во Скопје.
– Замислете, за носител на советничката листа во Град Скопје ВМРО-ДПМНЕ го постави претседателот на Управниот одбор на Дрисла, Даме Димитровски.
Ова е невиден скандал и навреда за скопјани.
Тој што е одговорен и што управува со Дрисла, да биде носител на листа. Иако Димитровски е и актуелниот советник на Мицкоски за животна средина во Владата.
ВМРО-ДПМНЕ арогантно се исмева со скопјани и ги понижува.
Депониите и понатаму горат, воздухот е отровен, а власта на Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски им ја загорчува секојдневието на скопјани.
Еколошката катастрофа во Скопје е дело на ВМРО-ДПМНЕ, а оваа одлука е доказ дека за нив здравјето и животите на граѓаните не вредат ништо.
Граѓаните ќе ја казнат оваа безобразност и ќе покажат дека никој не смее да си поигрува со нивното здравје и нивната иднина. – вели Штерјова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шамар за скопјани: ВМРО-ДПМНЕ го наградува виновникот…
ВМРО-ДПМНЕ им удри шамар на скопјани кои…
СДСМ: После толку многу манипулации со изјавите…
Во изминатите неколку месеци јавноста е сведок…
Мојсоска: ДПМНЕ коленичи со 58 пратеници, Мицкоски…
*Објава на Фејсбук на пратеничката од Левица…
Апасиев до ВМРО-ДПМНЕ: Глуперди кусогледи, да го…
Лидерот на Левица и пратеник во Собранието…
Знае ли Мицкоски дека Панче го демантираше…
Соопштение на СДСМ во врска со гостувањето…