Објавено на:

Шамар од Европската Комисија за Рама: Граѓаните имаат право да протестираат против поскапувањата!

t

Граѓаните во Албанија, како и другите земји од Западен Балкан и пошироко, имаат легитимна загриженост за зголемувањето на цените на горивата и храната, соопшти Европска комисија.

Изјавата на ЕК уследи откако албанскиот премиер Еди Рама наведе дека функционер од Брисел му рекол дека протестите се во служба на Русија и Кремљ.

– ЕУ потсетува дека почитувањето на европските стандарди за слобода на мирно собирање и за заштита и вклучување на ранливите групи се клучни барања за членство, кои внимателно се следат. Сите вклучени актери мора да покажат максимална смиреност и воздржаност, истакнува ЕК.

ЕК во одговорот додава дека зголемувањето на цените „во голема мерка е од агресија и војната што ја започна Русија против Украина, а не од санкциите на ЕУ и нивната поддршка од Албанија“.

Во Тирана и многу други градови една недела се одржуваа протести против поскапувањето на горивата и прехранбените производи.

На протестот пред Владата, одржан во понеделникот, демонстрантите упатија три барања до премиерот Рама и предупредија дека доколку до утре не се исполнат ќе бараат негова оставка.

Првото барање се однесува на укинување на данокот на промет на нафтата и нафтените деривати, второто на привремено укинување на акцизата на горивата и третото се состои од донесување закон за егзистенцијален минимум.

Владата, како и нејзиниот прв човек во повеќе наврати изјавуваа дека „протестите се срамни, дека директно го нарушуваат на достоинство на Албанците како нација, како народ, како држава, како општество и оти го зајакнуваат Кремљ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Парламентарни избори во Албанија, Рама се надева…

Во Албанија денеска се одржуваат 11. по…

Вилма Pусковска се приклучи на протестниот марш…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…

(Видео) „Врапчињата знаат дека има огромен синџир…

Врапчињата знаат дека има огромен синџир на…

Протест во Тетово: Дали требаше да се…

Во Тетово се одржа протест на група…