Шамар од Франција: Процесот на пристапување на Украина во ЕУ може да трае 15-20 години
Процесот на пристапување на Украина во Европската унија може да потрае 15 или 20 години, изјави Клемент Бон, министер за европски прашања во француското Министерство за надворешни работи.
„Морате да бидете искрени… Ако кажеме дека Украина ќе влезе во ЕУ за 6 месеци, една година или 2 години, тоа нема да биде точно. Веројатно ќе бидат потребни 15 или 20 години, тоа е многу долг процес. “, рече Бон во неделата, на радио станицата Радио Ј.
Претходно францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека процесот на пристапување на Украина во ЕУ може да потрае неколку години, па дури и децении. Во тој поглед, тој повика на создавање на нова „европска политичка заедница“ која би можела да ја прифати Украина во своите редови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Франција го блокира пристапот до израелските штандови…
Франција го блокираше пристапот до штандовите на…
Францускиот МНР: Франција е решена да ја…
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…