Шампионот на работ на амбисот: Катастрофа на Денвер, Минесота со два брејка се враќа дома
Минесота Тимбервулфс поведе со 2-0 во полуфиналето од Западната конференција откако славеше и во вториот меч како гостин против Денвер Нагетс.
Овојпат многу поубедливо, со 106-80 по што бранителот на титулата е во незавидна ситуација бидејќи двата следни натпревари се играат во Минеаполис. Одамна Денвер не изгледал толку немоќно како синоќа против тимот кој во својот состав има голем број млади кошаркари и кој може во следните години да доминира во НБА.
Шампионот лошо го почна мечот, по првата четвртина губеше со 20-28, но клучна беше втората која Минесота ја доби со 33-15 и на голем одмор замина со огромни +26 (61-35). Во второто полувреме предноста на гостинскиот тим одеше и над 30 разлика, а победата на Минесота во ниеден момент не беше доведена во прашање.
Денвер немаше одговор за тандемот Едвардс-Таунс, двајцата постигнаа по 27 поени, но главната работа Минесота ја заврши во одбраната. Јокиќ пак беше блиску до трипл дабл, но со скромни бројки од 16 поени, 16 скока и 8 асистенции и шут од игра 5/13. Гордон беше најефикасен со 20 поени, а целосно потфрли Џамал Мареј со само осум поени и шут од игра 3/18 што е недозволиво од една од најголемите ѕвезди на вакви натпревари. Следните два меча се играат во Минеаполис и Денвер ќе се обиде да избегне тешка бламажа, односно „метла“ во оваа серија што не е невозможно со оглед на играта на двете екипи.
Синоќа почна и серијата од полуфиналето на Истокот, меѓу Њујорк и Индијана. Победи домашниот тим со 121-117, повторно благодарение на Брансон кој постигна 43 поени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…
Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…
Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…
Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…
Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…
Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…
Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…
Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…
Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…
И по 23 години од случувањата на…