ШАНСА ЗА МАКЕДОНИЈА?! Германија и Словенија со нон пејпер бараат да се укине можноста за вето поради билатерални прашања

t

Со нон пејпер Германија и Словенија бараат да се укине можноста за вето поради билатерални прашања. Целта, вели словенечката министерка за надворешни работи, е да се забрза процесот на проширување на ЕУ, а соседските спорови од минатото да не се користат како блокади.

– Целта на иницијативата е да се забрза процесот на проширување. Предлагаме да се минимизираат ветата и блокадите поради билатерални прашања и да се користи квалификувано мнозинство за одлучување во процесот, рече Тања Фајон, словенечка министерка за надворешни и европски работи

Предлогот доаѓа од либерално демократски влади во двете држави. Европските либерал-демократи се надеваат дека ова ќе биде прифатено и од Европската народна партија и од европските социјалисти, за да може да прерасне во политика на Европската унија.

Нон пејперот се раѓа како идеа во период кога соседските спорови секојдневно се множат.

Бугарија повеќе години го блокира стартот на преговорите на Македонија со Унијата, 7 држави членки меѓу кои и Бугарија пред 10тина дена ставија вето на отворање ново поглавје за Србија, Хрватска ги блокира преговорите на Црна Гора, а Грција континуриано се заканува дека Албанија нема да напредува на патот кон Унијата ако не го почитува нивното малцинство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хезболах не знаел дека купува пејџери од…

Двајца поранешни припадници на Мосад за американската…

74-годишна жена од Охрид заврши во болница…

Вчера во 18.00 часот во СВР Охрид…

Озлогласениот наркобос се врати во Колумбија по…

Еден од основачите на наркокартелот Меделин се…

ВО ЛУКСЕМБУРГ Е НАЈИСПЛАТЛИВО ДА СИ ЖЕНА:…

Родовиот јаз меѓу вработените ширум Европа и…

20-годишник тешко повреден, откако со „голф“ излетал…

20-годишен возач е тешко повреден откако со…