Шарл Мишел: На ЕУ и треба Западен Балкан и обратно
Претседателот на Европскиот совет – Шарл Мишел по самитот ЕУ – Западен Балкан на Твитер напиша дека „На ЕУ и треба Западен Балкан и на Западен Балкан му треба ЕУ“.
Тој го поддржа повторното покревање на процесот на интеграција, со осврт посебно кон земјава.
„За С. Македонија, продолжува работата кон брзо изнаоѓање заемно прифатливо решение“ – истакна Мишел.
Изјавата доаѓа откако беше откажана прес-конференцијата на лидерите на ЕУ што требаше да се одржи по Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел, на која требаше да се обратат францускиот претседател Емануел Макрон, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…