Шарл Мишел од Словенија ќе побара проширување на ЕУ до 2030 година?!
ЕУ мора да биде подготвена да прифати нови земји членки до 2030 година, ќе изјави денеска во Словенија претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.
Пораката на Мишел ќе предизвика, пишува Фајненшл тајмс, егзистенцијална дебата за проширувањето што ќе доминира во дискусиите на високо ниво во блокот од сега до крајот на годината.
Брисел ги прогласи Украина, Молдавија и Албанија за земји кандидати и започна сериозна внатрешна дебата за тоа како блокот би можел да прими дури осум нови членки.
„Ако сакаме да бидеме веродостојни, мора да зборуваме за тајмингот“, ќе рече Мишел во денешниот говор на Стратешкиот форум во Блед, Словенија, пишува „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на нацртот на говорот до кој имал пристап.
„Додека ја подготвуваме следната стратешка агенда на ЕУ, мора да си поставиме јасна цел… мора да бидеме подготвени, од двете страни, да се прошириме до 2030 година.
Според него, ЕУ сега треба да се справи со проширувањето „како еден од главните предизвици. И за ЕУ и за нејзините идни земји-членки“.
За потсетување, во 2018 година, тогашниот шеф на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, им порача на земјите од Западен Балкан дека ќе влезат во ЕУ до 2025 година.
Претставувајќи ја „стратегијата за проширување“, Јункер изјави дека таа „ги објаснува чекорите што треба да ги преземат Србија и Црна Гора (со кои веќе беа во тек преговорите) за да го завршат пристапниот процес во 2025 година.
Лидерите на ЕУ ќе ја одржат својата прва дискусија за проширувањето во Гранада, Шпанија, на почетокот на октомври. Украина се залага ЕУ да се согласи да започне формалниот процес на пристапување до крајот на годината. И прашањето како да се обезбеди финансиска поддршка за сите кандидати (и особено Украина) е во центарот на тековната, паралелна дебата за дополнување на буџетот на ЕУ.
Многу земји-членки приватно се прашуваат како ЕУ може да ја прифати Украина, најсиромашната земја кандидат. Но, политичката волја е моќна работа и таа во моментов работи во корист на Киев, според медиумите.
„Ова е амбициозно, но неопходно. Тоа покажува дека сме сериозни“, ќе изјави денеска Мишел. „Прозорецот на можности е отворен. Мораме да реагираме на тоа“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…
По упатеното барање за помош од Македонија,…
Големи поплави во Словенија: Штетата се проценува…
Силни поплави ги погодија северниот и североисточниот…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…