Шарл Мишел: Русија ја користи храната како оружје
Водачите на европските институции ја осудија во Европскиот парламент во Стразбур руската „ладна, безобразна и пресметана“ употреба на храната како оружје, пренесуваат светските агенции.
Тоа е студена, бесчувствителна и пресметана опсада од страна на рускиот претседател Владимир Путин на некои од најранливите земји во светот. Храната стана дел од арсеналот на теророт на Кремљ“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на дебатата во Европскиот парламент.
Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел разговараа со членовите на Европскиот парламент во Стразбур за резултатите од самитот на лидерите на ЕУ кон крајот на мај за руската инвазија на Украина и нејзините глобални последици.
Русија ја користи храната како оружје, претворајќи ги плодните полиња во боишта. Милиони тони жито и други земјоделски производи се блокирани во украинските силоси поради руската блокада на украинските пристаништа на Црното Море. Затоа, постојат стравувања дека делови од Африка и Блискиот Исток би можеле да останат гладни“, рече Шарл Мишел.
„Милиони луѓе ширум светот стравуваат дека нема да можат да ги загреат домовите и да ги прехранат своите деца“, рече Фон дер Лајен. Таа додаде дека само оваа година, околу 275 милиони луѓе ширум светот веројатно би можеле да бидат изложени на несигурност во храната.
Инфлацијата е исто така голем ризик за безбедноста на храната. Според проценките на Светска банка, секое зголемување од еден процент на цените на храната турка околу 10 милиони луѓе во екстремна сиромаштија, анализираат медиумите.
Според нивните написи, Русија е обвинета за гранатирање силоси во Украина и кражба на жито. Во моментов, околу 20 милиони тони жито се блокирани во Украина, а Русија во исто време го обвинува Западот за проблемите со снабдувањето со храна, тврдејќи дека тоа се должи на воведувањето санкции против Москва.
Нека биде јасно: додека Русија активно го користи гладот како оружје, санкциите на ЕУ се внимателно дизајнирани за да се избегнат негативните ефекти, со јасен исклучок за прехранбените производи. Нашите санкции не влијаат на цената на основните прехранбени производи“, изјавила Фон дер Лајен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Потребен е силен 18-ти пакет санкции…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави…
Унгарија блокираше отворање на преговорите за пристапување…
Унгарија ја блокираше одлуката на самитот на…
Рускиот министер за финансии: Во Русија нема…
Во Русија нема рецесија, во тек е…
Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Рутe: Сите членки на НАТО се обврзаа…
Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и…