Шаќири: Проблематичните учебници се повлечени

t

Проблематичните учебници во основно и средно образование во кои се величеа погрешни морални вредности, имаше заменети знамиња на одредени држави со други и погрешни историски факти, се повлечени- вели во интервјуто за Утрински печат на Слободна ТВ Министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој најавува дека со новото законско решение кое се изготвува ќе има казни за рецензентите и авторите.

– Националниот совет за учебници е вклучен во одобрувањето на учебниците. Овде има 17 члена. Се распишува оглас по програми кои се доставени од Бирото за образование. Ние почнавме постапка по новата програма за учебници за прво, четврто, второ и петто одделение.Сите учебници кои беа по стара програма беа доставени до учениците од први септември- вели Шаќири.

Според него постапката за одобрување на учебници не е едноставна по постоечкиот закон. Тој тврди дека сите одобрени учебници се испечатени и доставени до учениците освен учебникот по македонски јазик за децата кои учат на другите јазици.

-Што се однесува до одговорностите за грешките на постоечките учебници пример учебниците по општество и историја за петто одделение формирана е комисија која утврди дека освен забелешките на јавноста има и други забелешки. Се донесе одлука за повлекување на истите. Сега ќе се отвори нов повик за група автори за нови учебници по постоечката програма, вели Шаќири.

Инаку, учебникот по Социологија бил повлечен претходно.

– Со новото законско решение се предвидуваат казни за авторите и рецензентите доколку се утврдат грешки. Побарав од работната група освен казни да се направат и мотивации за авторите и сите кои се вклучени во процесот- вели Шаќири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ