Шаќири: Ќе продолжиме со повисоки плати и од овој 1 септември

t

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска попладне ќе има состанок со раководството на Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) откако претседателот на синдикатот, Томислав Гиевски, изјави дека планираат штрајк во текот на септември заради ниски плати и кршење на колективниот договор и дека за таа цел работат на окрупнување на членството во училиштата што ќе го поддржат штрајкот.

На прес-конференција Шаќири нагласи дека МОН е отворено за средби со синдикалните организации и соопшти дека вчера имал состанок и со СОНК – Синдикатот за образование, наука и култура.

-Ќе продолжиме со повисоки плати и од овој 1 септември. Покачување ќе има согласно Општиот колективен договор, како што ќе добијат сите вработени во јавниот сектор, вклучително и образование, и одреден процент кој го преговараме со Министерството за финансии за усогласување со минималната плата, рече Шаќири.

Неговата порака до синдикатите е дека не сака, како што рече, учениците и наставниците да бидат дел од дневната политика што се води помеѓу синдикатите за поголемо членство и учениците да не се користат како инструмент поради незадоволство од платите.

-Нека најдат кој било друг инструмент ако не се задоволни, само тоа да не бидат учениците, а јас како министер кажувам дека од 1 септември ќе имаат повисоки плати, му порача Шаќири на НСОН.

Додаде дека за една година, со сите етапни покачувања, платите на наставниците кумулативно  се зголемени 35 проценти и дека тоа не е направено повеќе од 20 години.

-Ако вака продолжиме со новиот модел ан Општиот колективен договор, секоја година ќе се добиваат повисоки плати. И на денешниот состанок ова ќе биде мојот став.  Децата никогаш да не ги користиме за политики, истакна Шаќири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Платите на наставниците во Бугарија од денес…

Платите на наставниците во Бугарија од денес…

Синдикатот на полицијата бара покачување на платите…

Синдикатот на полиција во Македонија упати барање…

Вучевиќ им се закани на наставниците кои…

Премиерот Милош Вучевиќ денеска изјави дека во…

СДСМ: Срамна е најавата на владата на…

„Најавата на владата на Мицкоски за минимално…

СДСМ: Мицкоски ги остави наставниците без покачени…

После изјавата на Христијан Мицкоски јасно е…