Швајцарија ќе исплати по 56.000 долари за жртвите од пожарот во Кранс-Монтана

t

Швајцарските власти најавија финансиска поддршка за повредените и за семејствата на загинатите во трагичниот пожар што изби на новогодишната ноќ во бар во ски-центарот Кранс-Монтана. Во несреќата животот го загубија 41 лице, а 115 беа повредени.

Владата соопшти дека ќе исплати по 56.000 долари за секое лице што починало или било хоспитализирано, наведувајќи дека станува збор за гест на солидарност и поддршка кон погодените семејства.

Дополнително, најавена е средба меѓу семејствата на жртвите, повредените, претставници на владата и осигурителните компании со цел да се постигне договор и да се избегнат долготрајни судски постапки. За таа намена се планирани вкупно 20 милиони долари.

Покрај тоа, предвидено е префрлање на 8,5 милиони долари на кантоналните власти за покривање на вонредните трошоци поврзани со интервенцијата и последиците од несреќата.

Според досегашните информации, пожарот избувнал кога таванот на барот се запалил од искри од прскалки. Меѓу жртвите има голем број тинејџери и странски државјани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Швајцарија ќе исплати по 56.000 долари за…

Швајцарските власти најавија финансиска поддршка за повредените…

Воз со 80 патници излета од шините…

Воз утрово излета од шините во областа…

Швајцарија ќе гласа за ограничување на бројот…

Швајцарија ова лето ќе гласа за предлогот…

(Видео) Трамп воведе повисоки царини кон Швајцарија…

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју со…

Италија го осуди ослободувањето на сопственикот на…

Италијанската влада денес го осуди ослободувањето на…