Шведска делегација денеска во посета на Македонија: Росвал на средби со Пендаровски и Маричиќ

t

Државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања Дрита Абдиу-Халили на Меѓународниот аеродром – Скопје ја пречека шведската делегација предводена од министерката за ЕУ и Нордиска соработка, Јесика Росвал.

Абдиу-Халили ѝ посака добредојде на министерката за ЕУ и Нордиска соработка во Владата на Кралството Шведска и укажа дека официјалната посета на Скопје е уште една потврда на постојаната поддршка што Шведска ѝ ја дава на нашата држава во евроинтегративниот процес, со верување дека истовремено ќе даде дополнителен поттик за соработка помеѓу двете држави.

Денес Росвал ќе оствари тет-а-тет средба со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, а ќе се сретне и со претседателот Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Во рамки на официјалната посета на Скопје шведската делегација ќе се сретне и со претставници од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Според Секретаријатот, официјалната посета на Скопје е уште една потврда на постојаната поддршка што Шведска ѝ ја дава на нашата држава во евроинтегративниот процес, со верување дека истовремено ќе даде дополнителен поттик за соработка помеѓу двете држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Шведска бара работници, еве од кои професии!

И Шведска бара странски работници, објави schengen.news.  Шведска…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…