Шведска ќе се бори против криминалните банди со дронови
Шведска ќе користи модерна технологија, вклучувајќи беспилотни летала и технологија за препознавање лица и регистарски таблички, за да се бори против насилните банди, соопштија шведските владини претставници.
Новиот закон ќе ја олесни соработката меѓу полицијата и другите власти, велат тие.
Софтвер за препознавање лица ќе се користи за да се идентификуваат познати членови на банди и регистарски таблички. Полицијата во поголема мера ќе може да користи дронови.
Предлог-законот се очекува во рок од осум месеци, рече министерот за правда Гунар Штромер. Бран пукотници и експлозии ја потресуваат Шведска. Во септември биле застрелани и убиени 11 лица, а една жена загина во експлозија.
Тоа е поврзано со конфронтациите меѓу бандите вклучени во трговијата со дрога. Меѓу жртвите има малолетници, од кои голем дел се имигранти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шведска бара работници, еве од кои професии!
И Шведска бара странски работници, објави schengen.news. Шведска…
Гаши се сретна со шведската амбасадорка Џеин
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ја…
Протест во Малме поради Израел: „Евровизија го…
Голем протест се одржува на главниот плоштад…
Нападнати три постари жени во Шведска, па…
Шведската полиција соопшти дека застрелала маж во…
ИДФ: Ги следиме сите дронови ландирани од…
Израелските одбранбени сили во соопштение велат дека…