Швеѓаните бараат Начевски и Николов да бидат уапсени поради кражба
Контроверзниот полуфинален меч помеѓу Франција и Шведска (34-30) и денеска продолжува да ги полни страниците на медиумите особено во Скандинавија, каде што се уште не можат да сфатат како „Трите круни“ останаа без финале на ЕП 2024 и тоа по вина, како што самите велат, на македонската судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Швеѓаните се лути на нашите делители на правдата поради голот што Пранди го постигна од слободен удар по истекот на времето (види ТУКА), со кој на „Галските петли“ им обезбеди продолженија во кои дојдоа до големото финале. Тие сметаат дека францускиот ракометар направил прекршок при изведувањето на шутот и дека погодокот морало да биде поништен. Исто така, тие се лути на Начевски и Николов што не ја провериле ситуацијата со помош на видео-технологијата.
Поради сето ова, медиумите од Шведска денеска објавија и радикален текст во кој од предводниците на својата национална селекција бараат да ги пријават судиите од Македонија во најблиската полициска станица во Келн и тоа поради кражба. Тие сметаат дека Македонците направиле три грешки во последните 10 секунди на нивна штета и дека тоа не било случајно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шведска бара работници, еве од кои професии!
И Шведска бара странски работници, објави schengen.news. Шведска…
Гаши се сретна со шведската амбасадорка Џеин
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ја…
Протест во Малме поради Израел: „Евровизија го…
Голем протест се одржува на главниот плоштад…
Нападнати три постари жени во Шведска, па…
Шведската полиција соопшти дека застрелала маж во…
Спречен терористички напад во Шведскa
Шведската полиција денеска уапсила четири лица поврзани…