Објавено на:

Шевченко бара поголема меѓународна помош за Украина

t

Еден од најдобрите украински фудбалери на сите времиња Андриј Шевченко повика денеска на испраќање поголема странска помош за жртвите на руската инвазија на неговата татковина.

Поранешниот украински репрезентативец и селектор рече дека УЕФА и ФИФА донеле вистинска одлука со исфрлувањето на Русија од меѓународните натпреварувања, иако спортот сега е последната работа на која мисли во овој момент.

– Имаме бегалци, потребна ни е хуманитарна помош. Потребна ни е медицинска помош, помош во храна …, порача Шевченко.

– Фудбалот веќе не постои за мене. Не размислувам за него. Не е време за тоа … Од моментот кога се будам фокусиран сум само на тоа како можам да и помогнам на својата земја и што можам да направам, додаде легендарниот украински фудбалер и тренер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Првите Ф-16 пристигнаа во Украина

Првата серија американски ловци Ф-16 пристигна во…