Објавено на:

Шекеринска: НАТО нема да попушти во помагањето на Украина

t

НАТО нема да престане да ѝ помага на Украина, вели заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска во интервју за „Хина“. Поранешната македонска министерка истакнува Русија го поткопува меѓународниот поредок, европската безбедност и главната цел на алијансата – безбедна евроатлантска област.

„Затоа ја поддржуваме не само правото на Украина на територијален интегритет и суверенитет, туку и нејзиното право и способност да се брани“, наведува Шекеринска.

Само минатата година, сојузниците на НАТО ја поддржаа Украина повеќе отколку што ветија, вкупно над 50 милијарди евра воена помош.

„Во првите шест месеци од оваа година, сојузниците на НАТО придонесоа со уште 35 милијарди евра. Тоа многу зборува за нашата поддршка за Украина. Покрај тоа, развивме наменски штаб на НАТО во Висбаден, Германија, за координирање на воената помош со Украина. Исто така, имаме наменски центар во Полска, заедно со Украина, за да им помогнеме, но и да учиме од нивното воено искуство“, кажа таа во интервјуто.

„Исто така, некои сојузници разговараат за Коалиција на оние што се подготвени да ја поддржат Украина по прекинот на огнот“, истакнува Шекеринска, додавајќи дека ова е начин да се обезбеди дека идниот мир е одржлив и праведен.

Многумина во Европа беа загрижени дека американскиот претседател Доналд Трамп, кој може да биде непредвидлив, е целосно посветен на Член 5 од Вашингтонскиот договор, но Шекеринска вели дека нема потреба за грижа.

„Заклучоците од неодамнешниот самит во Хаг покажаа трансатлантско единство во акција. Јасно е дека имаме недвосмислена и силна посветеност на САД кон НАТО“, вели вториот човек во НАТО.

„Но, таа посветеност носи и очекување дека европските сојузници и Канада ќе сторат повеќе во иднина за да ја направат алијансата порамноправна во однос на распределбата на товарот“, додава Шекеринска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шекеринска: НАТО нема да попушти во помагањето…

НАТО нема да престане да ѝ помага…

Украинска тајна служба ликвидираше висок агент на…

Украинската безбедносна служба СБУ соопшти дека е…

Трамп ѝ испраќа „Патриот“ на Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…

Залужни: Украина треба да побара од САД…

Украина треба официјално да побара застарено американско…

Генералниот секретар на НАТО утре во Вашингтон,…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, следната…