Шекеринска се пофали: Избрана е за потпретседателка на европските социјалисти!

t

На конгресот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска, истакнат член на СДСМ, е избрана за потпретседателка на ПЕС.

„Честа е дотолку поголема што ова е првпат ПЕС да избере на таа позиција личност која доаѓа од земја која не е членка на Европската Унија. Благодарност до новиот претседател Стефан Лвен, кој го даде предлогот и до сите мои колеги кои го поддржаа“, напиша Шекеринска на својот Фесјбук-профил.

Лани во декември тогашната министерката за одбрана Радмила Шекеринска се повлече од Владата поради несогласување со дел од политиките во СДСМ.

Таа сооопшти дека се повлекува од министерската позиција поради принципиелни причини и нема да учествува во составувањето на новиот владин кабинет со кој, по повлекувањето на Зоран Заев, ќе управува новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тупанчевски нов министер за правда, Шекеринска заминува…

Две актуелни пратенички и една поранешна ќе…