Шекеринска: Трајниот мир во Украина е од суштинско значење за европската безбедност и глобалната стабилност

t

Обезбедувањето траен мир во Украина е од суштинско значење за европската безбедност и за глобалната стабилност, порача заменик генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска на неформалната средба на министрите за одбрана на земјите членки на ЕУ во Варшава.

Таа повика на зајакнување на поддршка за Украина сега, но и на подолг рок, потенцирајќи дека за да се обезбеди траен мир, земјата мора да остане силна. Таа при тоа, ги поздрави неодамнешните најави на сојузниците од НАТО за дополнителна помош за Украина, вклучувајќи и испорака на противвоздушна одбрана, оклопни возила, беспилотни летала и муниција.

Шекеринска нагласи и дека НАТО помага долгорочно за зајакнување на Вооружените сили на Украина, како преку финансиска поддршка, така и преку Програмата за безбедносна помош и обука за Украина (НСАТУ) и новиот Центар за заеднички анализи, обука и едукација НАТО-Украина во Полска.

Заменик генералната секретарка на НАТО ја поздрави соработката меѓу Алијансата и Европската Унија, како и неодамнешните иницијативи на ЕУ за одбраната, истакнувајќи дека разговорите за меѓусебната соработка ќе продолжат со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас и состанок на министрите за надворешни работи на Пактот, што вчера и денеска се одржува во Брисел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шекеринска: Трајниот мир во Украина е од…

Обезбедувањето траен мир во Украина е од…

Муцунски од самитот на НАТО: Мора повеќе…

САД се апсолутно во право дека ние…

Голема антитерористичка акција во Чаир, се прават…

Во моментов во скопски Чаир се спроведува…

Спиропали: Македонците во Албанија продолжуваат да бидат…

Македонците во Албанија продолжуваат да бидат горди…

Про-Трамп лидерката на германската екстремна десница, AфД…

Лидерката на екстремно десничарската Алтернатива за Германија…