Шеснаесет затвopeници од битолскиот затвop се позитивни на кopона, вчера и еден cмpтен случај на вработен
Корона вирусот се шири во битолскиот Затвор. Само во последниве седум дена, од 20 тестирани осуденици, дури 16 се позитивни на вирусот. А вчера, починал и шефот на затворската кујна, кој бил вработен таму, што уште повеќе ја зголемува паниката помеѓу затворениците. Осуденик, кој има само уште два месеци од издржувањето на казната, а кој од оправадани причини побара да остане анонимен за јавноста, тврди дека состојбата во Затворот била повеќе од алармантна. Се пожали дека дека заразените соодветно не биле третирани, дека никој со денови не им мери температура, а изолацијата се сведувала само на издвојување на заразените затвореници по четворица во соба. Вели, тој бил еден од потешките случаи, со силни болки во градите и во целото тело и дури двапати дневно примал инфузии, откако на двапати, од премаленост и болки и паднал, пренесува Алфа.
„Јас сум најлошо во моментот. Ми правеа и слика, крвна и рентген, значи многу лошо сум и барам институциите или да ме пуштат да се лекувам сам во приватни болници, оти и во Болницата по три саати се чека за да се прима една инфузија. Чекаме со саати. Сега, болен човек не може да чека три саати за да зема една инфузија“, вели нашиот соговорник.
Нашиот соговорник реагира и на тоа што иако Короната во Затворот косела веќе 7-8 дена, досега, од Управата за извршување санкции никој не дошол да ги посети и да се заинтересира за нивната здравствена состојба.
„Ние се пожаливме и пред 7-8 дена, докторката овде во Установата ни вика дека немате ништо, тие се хелекси, а хелексот е за спиење, не е за Корона, како прво. Второ, директорот на Управата ни дошол, ни не посетил, ни никој само што земаат плати. Директорот на Затворот контактира, не е убаво да се жалиме од директорот, директорот што може, помага, ама нема никакви услови за да ни помогне“, објаснува овој осуденик.
Директорот на битолскиот Затвор, Драган Кајевски, ни потврди дека во Установата, која е од полутворен тип, има Корона. Вели дека биле преземени сите мерки кои биле препорачани од ЦЈЗ. Тој тврди дека на позитивните затвореници обезебедена им е сета потребна здравствена заштита, а на повисоко ниво била подигната и хигиената. Кајевски вели дека се уште нема официјална информација дали нивниот вработен шеф на кујната, а кој вчера починал, починал од Корона.
„Што ни кажаа? Значи, вирусот ви е влезен, како што ќе се јавуваат симптоми кај осудените, така. Појачано е со хигиенски средства, со маски, со се.
Се е купено, се е набавено, се е распределено на луѓето. ЦЈЗ ни стои на располагање и Болницата, на Инфективното , на долниот кат, каде што има две простории, каде што се со решетки, значи за да можеме да ги сместуваме луѓето“, ни изјави Драган Кајевски, директор на Затворот во Битола.
Го побаравме и директорот на Управата за извршување санкции, Марјан Спасевски, меѓутоа, до овие вести тој не одговори ниту на нашите повици, ниту на смс пораката.
Извор: Алфа
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Нов пожар во Битола во близина…
Пожар избувна во близина на железничката пруга…
ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прво барал рушвет, па сега…
Новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица,…
Пожарот кај Небрегово се шири кон две…
Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од…
Бабам Битола: Замислете некој од оние МИЛИОНЕРИТЕ…
Замислете некој од оние МИЛИОНЕРИТЕ во РЕК…
Целосно е изгаснат пожарот на Пелистер
Пожарот кај Битола на Пелистер е целосно…