Шести ден Струмица e без вода за пиење
Шести ден Струмица е без вода за пиење. Градоначалникот Костадинов предложил да се намали цената на водата за пиење за домаќинствата на седум денари додека не се реши проблемот.
Според него, денеска енормно било зголемено нивото на манган на влезната вода во филтер станицата, која и понатаму не може да ја преработи и да ги сведе овие параметри во рамки на нормалата.
Костадинов посочува дека ситуацијата со водата за пиење во Струмица станува алармантна и потребен е ангажман на сите институции. Тој претходно, но и денес обвини за саботажа и прстот го впери во политичкиот опонент.
Според комуналното претпријатие причина за ваквата ситуација е неповолната хидролошка состојба, односно, водата содржела многу кал и не било возможно да се исфилтрира до ниво на консумација.
– За решавање на проблемот контактирани се стручнаци од цела Македонија, а посебно од градовите кои имаат ист водоснабдителен систем. Се врши хлорирање на водата, имаме таложници, филтри и пак не можеме да произведеме питка вода. Една од причините за тоа е намаленото количество на сирова вода во акумулација Турија, која од максимални 50 милиона метри кубни, во моментот има едвај 12-13 милиони метри кубни вода. – ЈКП “Комуналец“ Струмица.
Во меѓувреме граѓаните на Струмица и шесте населени места со шишиња, кофи и канти во раце, полнат вода од резервните чешми во градот. Поставени се 25 апарати во училиштата и детските градинки, а обезбедени се и 25 канистери со вода за пиење кои се распоредени низ улиците на градот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Малолетник нападнат од тројца негови врсници, едниот…
Вчера во 10.30 часот во СВР Скопје,…
Шести ден Струмица e без вода за…
Шести ден Струмица е без вода за…
Ескалација на Блискиот Исток: Бенјамин Нетанјаху се…
180 ракети беа истрелани кон Израел синоќа,…
Ахмети вели дека не бил резервна гума
Сто дена влада, сто дена скандали и…
НА КАМЕРИ ГО ФАТИЛЕ ДЕКА ЛАЖЕ: Гостиварец…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…