Шест години Македонија во НАТО

t

Пред точно 6 години, на денешен ден во 2020 година, Македонија стана 30-та членка на НАТО Алијансата — историски момент, исполнет национален интерес и голем државен успех!, напиша на Фејсбук лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

„Со одговорни и државнички политики, СДСМ ја внесе Македонија во НАТО, преку една од најбрзите пристапни постапки во историјата на Алијансата. Со тоа обезбедивме трајна безбедност, стабилност и сигурност за државата и за сите наши граѓани. Така се работи за татковината кога постои желба, волја, одговорност и сериозност.

Во време на глобални безбедносни ризици и воени конфликти, уште појасно се гледа колку оваа одлука била значајна.

Денеска, зад безбедноста на Македонија стои најмоќниот сојуз во светот — НАТО!

Сите ние сме особено горди на овој национален и државнички успех“ стои во неговата објава на социјалната мрежа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шест години Македонија во НАТО

Пред точно 6 години, на денешен ден…

Трамп: Операцијата против Иран е тест за…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека воената…

НАТО не може да ги потврди тврдењата…

НАТО не може да ги потврди тврдењата…

Трамп ги нарече сојузниците на НАТО „кукавици“…

Американскиот претседател Доналд Трамп го нападна НАТО,…

НАТО распоредува нов систем „Патриот“ во Турција

Турското Министерство за одбрана соопшти дека НАТО…