Шест причини зашто не треба да го користите мобилниот телефон во тоалет
Многу луѓе користат мобилен теллефон додека се во тоалет. Според истражување спроведено во Велика Британија, просечен граѓанин на таа земја поминува нешто повеќе од три часа неделно во тоалетот, што е далеку од препорачаните 10-15 минути на ден.
Поголемиот дел од тоа време, се разбира, е потрошено на користењето на мобилен телефон, а експертите посочуваат шест причини зошто да не користиме мобилен телефон додека седиме во тоалет.
Телефонот дом на микробите
На телефоните постојано собираат и се пренесуваат микроби. Тие можат да се пренесат од нивната површина во тоалетот, а и обратно да соберат штетни микроорганизми од некои површини во тоалеетот, додека, на пример, го оставаме телефонот покрај мијалникот.
Ризик од хемороиди
Лекарите советуваат дека е нормално да поминете од 1 до 15 минути во тоалет, додека сè што е над тоа предизвикува притисок врз ректумот.
Користејќи го телефонот, можеме да седиме половина час или еден час, што може да предизвика хемороиди и други болести.
Не се опуштајте во тоалетот
Ако мислите дека тоалетот е место каде можете да се опуштите и да се одморите од секојдневните обврски и напорниот ден, подобро е наместо тоа да вежбате јога или други активности поврзани со антистрес.
Не го користете телефонот од досада
Студија од 2016 година покажува дека многумина користат мобилни телефони со цел да ги потиснат негативните емоции, додека студентите на тој начин ја намалуваат здодевноста.
Како резултат, вашата ментална состојба може да станете роб на телефонот.
Непотребно губите време
Според истражувањето, повеќето луѓе поминуваат 90 минути на ден користејќи телефон, што е речиси 4 години од просечниот живот.
Ова значи дека телефонот нè одвлекува од нашите секојдневни обврски и активности, а според оваа студија, вработените трошат околу 5 часа неделно на работи што немаат никаква врска со работата.
Станувате зависни
Еден од трите главни симптоми на зависност од телефон е стравот од напуштање на домот без тој мобилен уред.
Иако некои научници сè уште не се осмелуваат да го дефинираат овој проблем како зависност, постојат индикации дека тој навистина се случува.
Исто така, негативниот исход од прекумерната употреба на телефон може да биде ниска самодоверба, вознемиреност, па дури и депресија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мета им забрани пристап на РТ и…
Мета им објави забрана за пристап на…
Тимот на Трамп: Нема да ја менуваме…
По претходниот обид за атентат врз Трамп…
Шест причини зашто не треба да го…
Многу луѓе користат мобилен теллефон додека се…
(Видео) Неверојатна снимка токму во моментот на…
Меѓународната новинска агенција Ројтерс снимаше директен пренос…
Со велосипед удрил во пешак и –…
Вчера во 07.50 часот во СВР Куманово…