ШЕФОТ НА ВАГНЕР: Вучиќ да не беснее, кај што нема Срби!

t

Првиот човек на групата Вагнер, Евгениј Пригожин вели дека Србија залудно се лути и дека во нивните редови нема Срби.

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека сите Срби што се регрутирани во Вагнер и учествуваат во војната во Украина, ќе бидат уапсени по враќањето дома. Пригожин рече дека Вучиќ залудно беснее.

„Од 1 март 2023 година, во Вагнер нема ниту еден Србин. Последниот што се борел во Вагнер ја напушти групата пред два месеци. Ако некој од Србите тврди дека се борел во Вагнер во 2023 година, тоа е измама. Не верувајте му“, вели Пригожин.

Инаку, претходно имаше снимки од Срби кои заедно со Русите се упатиле да се борат во Запорожје. Тие тврдеа дека се борат против злото на Западот. Лани медиумите објавија дека неколку српски граѓани загинале на боиштата во Украина. Се работело за Срби кои имаат и руско потекло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

До крајот на месецов ќе се знаат…

Процесот на избор на кандидати за градоначалници…

НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…

По добиена согласност од Министерството за финансии,…

Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…

Левица по третпат бара Надзорна расправа за…

Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…

Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…

Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…