Шефот на ЕУ во Македонија во Битола: Зошто ќе го посети Домот на Армијата
Шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, амбасадорот Дејвид Гир, денеска ќе ја посети Битола како дел од низата посети на општините во 2022 година. За време на посетата, амбасадорот Гир ќе се сретне со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и заедно ќе го посетат Домот на Армијата – споменик на културата што е реставриран со средства од ЕУ.
Како дел од активностите, младата европска амбасадорка од Битола, Дона Срдиќ Лазаревска, ќе се приклучи на посетата „ЕУ со ТЕБЕ“. Заедно со амбасадорот Гир ќе го посетат кафе-барот „УлафСте“ кој е единствен во градот каде што се употребува знаковен јазик од сопствениците и персоналот.
Домот на Армијата е значаен објект лоциран во центарот на Битола кој неодамна беше реставриран како дел од проектот „Програма за локална и регионална конкурентност“.
Реновирањето финансирано од ЕУ во вредност од околу 900.000 евра е со цел да се зголеми туристичкиот потенцијал на Пелагонискиот Регион и неговата околина.
Проектот опфати и обука на 15 туристички водичи, креирање веб-страница за промоција на пелагониската туристичка понуда, како и изработка на промотивни материјали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Нов пожар во Битола во близина…
Пожар избувна во близина на железничката пруга…
Пожарот кај Небрегово се шири кон две…
Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од…
Бабам Битола: Замислете некој од оние МИЛИОНЕРИТЕ…
Замислете некој од оние МИЛИОНЕРИТЕ во РЕК…
Целосно е изгаснат пожарот на Пелистер
Пожарот кај Битола на Пелистер е целосно…
Потребна е помош за третман со матични…
Почитувани читатели на Инфомакс, потребна е помош…